Лукашенко им го честиташе Денот на независноста на Украинците

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, главниот сојузник на Русија, која веќе шест месеци води војна во Украина, во средата му честиташе на украинскиот народ по повод Денот на независноста, соопшти неговата прес-служба.

Loading...

„Убеден сум дека сегашните разлики не можат да ги уништат вековните основи на искрените добрососедски односи меѓу народите на двете земји“, рече Лукашенко во својата порака.

„Белорусија ќе продолжи да се залага за „зајакнување на пријателските контакти засновани на взаемно почитување на сите нивоа“, додаде тој.

„Белорускиот претседател им посакува на Украинците мирно небо, толеранција, храброст и сила за да го вратат добриот живот“, се заклучува во пораката.

Во среда Украина го слави Денот на независноста и исто така одбележува шест месеци од почетокот на руската агресија.

Лукашенко, главниот сојузник на Москва, кој е на власт во Белорусија од 1994 година, ја отвори својата територија за руската армија за да може да започне инвазија на Украина на 24 февруари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.