Луѓето кои ги извадиле уминиците се разликуваат од останатите: Кај нив едно сетило е пооштро отколку кај луѓето со 32 заба

Сподели со своите пријатели

Несоодветен раст и развој, но и загрозување на соседните, здрави и важни заби, се некои од причините зошто умниците обично се вадат од вилицата штом почнуваат да растат.

Loading...

Умниците, кои инаку припаѓаат на групата на рудиментарни органи, кои ја загубиле својата функција поради еволуцијата, честопати се непотребни за луѓето, а многу почесто создаваат големи компликации, пишува еКлиника.

 

 

Несоодветен раст и развој, но и загрозување на соседните, здрави и важни заби, се некои од причините зошто умниците обично се вадат од вилицата веднаш штом ќе почнат да растат. Проучувајќи ги несаканите ефекти од оваа постапка, отстранување на умниците, една научна студија покажа дека луѓето на кои им се отстранети овие заби имаат подобро чувство за вкус, децении по операцијата.

Умниците се третата и последна група заби што излегуваат од непцата кога луѓето се во доцната тинејџерска возраст или во раната зрелост. Кога се здрави и правилно распоредени во вилицата, умниците можат да бидат корисни. Но, кога растат неправилно и почнуваат да ги туркаат и оштетуваат соседните заби или ако не се појават целосно од непцата, тие мора да се отстранат.

Подобро чувство за вкус кај луѓе без умници

Loading...

Досегашните студии се фокусираа на луѓе кои велат дека стоматолошката интервенција за отстранување на умниците го ослабила чувството за вкус, вели авторот на новата студија, д -р Ричард Доти, директор на Центарот за мирис и вкус на Универзитетот во Пенсилванија во Филаделфија.

Но, како што наведува доктор Доти, се верува дека овие симптоми ќе се ублажат со текот на времето. За да се проценат долгорочните ефекти од вадењето умник, што најчесто вклучува операција, д-р Доти и неговата колешка Дана Ким следеа повеќе од 1.200 луѓе во текот на 20 години.

 

 

Стоматолозите оцениле 891 лице на кои им биле отстранети умниците и 364 кои немале проблем со овие заби. Сите беа замолени да пробаат храна со различен вкус во устата – слатка, кисела, солена или горчлива.

Генерално, резултатите од тестот за вкус беа подобри за луѓето на кои им беа отстранети умниците отколку за оние со целосна вилица од 32 заби. Зошто се случува ова, засега останува мистерија. Можно е оштетувањето на пупките за вкус, при отстранување на умниците, да ја зголеми чувствителноста на целата уста, велат истражувачите. Или, може да биде дека повреда на нервите предизвикува еден вид орална преосетливост.

 

Loading...

Leave a Reply