13.07.2019 08:41

ЛОВ НА ВОНЗЕМЈАНИ: Стотина луѓе тргнуваат во потрага


Ловците на вистината не ги кријат своите смели планови вонземските гости да ги бараат на подрачјето на воздухопловнат абаза „Едвардс“ која е постојано под силни мерки на безбедност. Дури и преку социјалната мрежа Фејсбук ги повикале сит екои се подготвени да им се приклучат.

Повеќе од 165.000 луѓе означиле на Фејсбук дека ќе се прилучат на овој лов на вонземјани во америакнската база.

loading...

Невидени снимки од тајанствената „Област 51“: Се приближија близу за да проверат што има таму (видео)

Настанот е оганизиран под името „Област 51, не можат сите да не сопрат“, додека повеќе од 200.000 корисници означителе дека се заинтересирани за акцијата.

Обидот на организаторите е закажан за 20ти септември.

– Ќе се сретнетеме во Област 51 и ќе го координираме нашето влегување, се наведува на социјалните мрежи.

Авиони без обележја слетуваат во Област 51, а никој не знае што има во нив

Тајаната америакснка воздушна база, под кодното име „Област 51“ во државата Невада, за која се наведува дека минала низ доста технички промени,с о години е магнет за секакви видови теории на заговор и ловец на вонземјани.

Во предесетите години на минатиот век, САД започале да тестираат авион за извидување на висока надморска височина, и веднаш се јавуваат извештаи дека таму е виден НЛО.

Владата на САД во 2013 година призна дека таа воена база има врски со разузнавачки деојности, по барањата врз основа на слободните информации, упатено во 2005 година.

loading...

Факти за „Област 51“ кои сигурно не сте ги знаеле (видео)

Се смета дека базата е задолжена за развој на шпионската технологија на ЦИА, која неретко се врзува со дизајнирање вонземски вселенски брод, така да теоретичарите на заговор и натаму тврдат дека тоа е место каде веќе се наоѓаат или ќе бидат сместени НЛО, ако слетаат на Земјата.

Нивото на безбедност на подрачјет не ги плаши ловците на вонземјани. Во јанури годинава службеници на Националната безбедност на Невада пукале на човек кој со возило се обидел да влезе во познатата област.

Image by Ribastank from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments