Лидерот на Хонг Конг позитивен на корона по средбата со Си Џинпинг

Сподели со своите пријатели

Лидерот на Хонг Конг, Џон Ли е позитивен на коронавирус по четиридневното учество на Азиско-пацифичкиот економски форум (АПЕК) во Тајланд, за време на кој се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти денеска владата на Хонг Конг.

Loading...

Ли бил позитивен на коронавирусот по неговото враќање во Хонг Конг, по состанокот зад затворени врати со Кси на кој тие не носеа маски.

За време на изолацијата ќе работат од дома, а состаноци ќе одржуваат преку видео врска, пренесува Ројтерс.

Други функционери од Хонг Конг, кои беа со него на Форумот во Тајланд, беа негативни на тестот за корона вирус, се вели во соопштението на владата.

Во АПЕК, Ли го промовираше имиџот на Хонг Конг како град кој повторно се отвори откако беше под строги мерки за голем дел од пандемијата „Ковид-19“.