Либија: Илјадници мртви, 6.000 исчезнати, откако пукнаа брани по невидено невреме (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Се стравува дека има илјадници мртви во Либија откако бурата Даниел донесе толку многу дожд во североисточниот дел на земјата што две брани се урнаа во еден регион, потопувајќи цели села.

Loading...

Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а околу 6.000 се водат за исчезнати во градот Дерна, каде што се урнаа браните, пишува CNN.

„Се урнаа три моста. Водата однесе цели населени места во морето“, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална армија.

Според Си-Ен-Ен, овие бројки не можат да се проверат независно, а Мисари не наведе извор за бројките на загинатите и исчезнатите.

Црвената полумесечина на Бенгази претходно процени дека во Дерна загинале од 150 до 250 луѓе, според Ројтерс.

Шефот на либиската служба за вонредни состојби, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, планинско крајбрежно подрачје“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Група од 38 виетнамски туристи исчезна во Јужна Кореја

 

Loading...

 

Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува спасувачките напори, рече Али, а спасувачите не можеа да влезат во Дерна поради големото уништување.

Но, тој рече дека властите не ги предвиделе размерите на катастрофата. „Не се добро проучени временските услови, не се проучени нивото на морето и врнежите.

„Либија не беше подготвена за ваква катастрофа, никогаш не сме биле сведоци на вакво нешто. Признаваме дека имало недостатоци иако за прв пат се соочуваме со вакво нешто“, рече Али.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца мртви во масовно труење на Филипините: Изеле загрозен вид и завршиле во болница

Мисамари, портпарол на Либиската национална армија, рече дека биле погодени неколку други градови како Ал-Баида, Ал-Марџ, Тобрук, Такенис, Ал-Бајада и Бата.

Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“, според извештајот на државната либиска новинска агенција (ЛАНА).

Снимките на социјалните мрежи покажаа потопени автомобили, урнати згради и поројна вода што јуриша низ улиците.

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руска подморница забележана во близина на Филипините

Болниците во источниот град Бајда се евакуирани, според видеата споделени на Фејсбук од Медицинскиот центар Бајда.

„Обединетите нации во Либија внимателно ја следат вонредната ситуација предизвикана од тешките временски услови во источниот регион на земјата“, се вели во соопштението на Мисијата на Обединетите нации во Либија.

Неколку земји испратија сочувство и понудија помош за Либија додека спасувачките тимови се обидуваат да најдат преживеани под урнатините.

Турската агенција за катастрофи во понеделникот соопшти дека ќе мобилизира 150 луѓе за потрага и спасување и ќе испрати шатори, возила за спасување и други материјали, како што се генератори.

Американската амбасада во Либија на Твитер објави дека е во „близок контакт со Обединетите нации и властите во Либија за да се утврди колку брзо можеме да обезбедиме помош онаму каде што е најпотребна“.