04.06.2015 14:12

Либертас: Орав го праша Груевски како побегнал еден од кумановската група


Средбата на премиерот Никола Груевски со амбасадорите на 17 земји-членки на ЕУ, предводени од шефот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав, вчера не поминала добро за домаќинот, а амбасадорите не се служеле со речникот својствен за дипломатијата, туку биле доста груби со премиерот, пишува Либертас.

Според порталот Либертас, Груевски доцнел на средбата, па дел од амбасадорите предложиле да си заминат по половина час чекање, но ги разубедил министерот за надворешни, Никола Попоски, кој им рекол дека премиерот само што не дошол. Тој конечно се појавил по 40 минути доцнење.

loading...

Наводно, Орав го прашал Груевски за случајот во Куманово и порачал дека инсистираат да се спроведе објективна истрага со вклученост на меѓународната заедница, како и како се случило заробениот терорист да им избега на полицајците.

На забелешката на Орав, дека е потребно да се поведе судска истрага за содржината на прислушуваните материјали, Груевски се обидел да избега од темата и почнал да објаснува дека ќе следувале реформи во судството, дека кандидатите за судии ќе требало да полагаат на Академија, ќе се зголемела транспарентноста…

Заклучувајќи дека е бесполезно да се разговара понатаму и за темата за прислушувањето, Орав се обидел да го приврши разговорот, нагласувајќи му на Груевски дека политиките на Владата не се во согласност и во насока на исполнување на стандардите за зачленување на државата во ЕУ, иако 75 отсто од граѓаните посакуваат влез на земјата во Унијата, укажувајќи му дека води политики спротивни на волјата на граѓаните.

Груевски на таквата констатација возвратил дека главната определба на Владата била да го зголеми животниот стандард на граѓаните, на што Орав прилично недипломатски му возвратил дека од снимките најдобро се гледа колку и како се грижат за стандардот на граѓаните, па разговорот тука завршил.

Либертас пишува дека амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер, била распоредена да седи на ќош, странично од масата, што според дипломатските стандарди е непристојно и дури дрско. Германската амбасадорка морала и микрофонот да го повлекува кон неа, кога требало да се вклучи во разговорот.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments