Летот на Лавров од Москва кон Њујорк го следеа три милиони луѓе на интернет

Сподели со своите пријатели

Околу три милиони луѓе го следеле летот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров од Москва во Њујорк преку „Флајтрадар“, соопшти портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Loading...

„Летот Москва-Њујорк на Сергеј Лавров го следеа повеќе од 700.000 луѓе на „Флајрадар“ во исто време, а вкупно речиси три милиони. Рекорд“, напиша Захарова на својот канал на Телеграм, пренесува Спутник.

Лавров во неделата попладне полета за САД, а Захарова соопшти дека министерката пристигнала во Њујорк околу четири часот наутро.

Лавров во понеделник ќе учествува на еден од централните настани на руското претседателство со Советот за безбедност на Обединетите нации: отворањето на дебатата за заштита на принципите на Повелбата на Обединетите нации.

Рускиот министер во вторник ќе претседава со уште една седница на високо ниво во Советот за безбедност – отворање на дебатата за блискоисточното прашање.

Се очекува за време на посетата на Њујорк, рускиот министер да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.