Лавров: Украина ја одолговлекува војната, Зеленски не го слуша Западот

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека разговарал со лидерите на Франција и Германија за конфликтот во Украина, обвинувајќи го Киев дека го одложува секое можно решение.

Loading...

Говорејќи пред новинарите во Бали на самитот на Г-20, Лавров рече дека Украина одбива да разговара со Москва и дека претставила „нереални услови за мир“, пренесува Ројтерс.

Лавров рече и дека заклучил оти претседателот на Украина, Володимир Зеленски, не ги послушал советите на Западот, откако преку видеоврска одржа говор на самитот на Г-20 на Бали, наведувајќи предлози за мировен договор.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг: Русија започнува голема офанзива напролет