Лавров: Русија го поддржува Техеран во однос на нуклеарниот договор

Сподели со своите пријатели

Русија ја поддржува позицијата на Техеран во однос на иранскиот нуклеарен договор и САД треба да ја повлечат својата позиција и да се вратат на првичниот договор, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Loading...

„Сега работата е во тоа што Американците се обидуваат да направат промени во новиот договор, додека Иранците инсистираат на договорот усвоен во 2015 година. Верувам дека ставот на Иран е апсолутно легитимен“, изјави рускиот министер на самитот на АСЕАН во Камбоџа, пренесе ТАС С.

Тој додаде дека Американците „се повлекле од планот што еднаш го одобрија сите други страни и самите Американци“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

„Со оглед на тоа што Вашингтон се обиде да го укине планот, сега треба едноставно да се потсети на својата позиција од претходно и да се врати на првичниот договор. Тоа сега е проблем“, нагласи Лавров, пренесе Танјуг.