Лајен: Ќе предложиме ограничување на цената на рускиот гас

Сподели со своите пријатели

Европската комисија ќе предложи ограничување на цената на рускиот гас, заедно со мерки кои вклучуваат задолжително намалување на потрошувачката на електрична енергија на територијата на земјите од ЕУ, изјави денеска претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Loading...

„Ќе предложиме воведување ценовни ограничувања на рускиот гас. Мораме да го намалиме рускиот приход што му служи на Путин да изврши злосторства во војната во Украина“, рече Фон дер Лајен, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Снимка од нуклеарниот воз на Путин предизвика паника (ВИДЕО)

Русија минатиот петок на неодредено време ја прекина испораката на гас за Европската унија преку Северен тек 1.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.