Кутлибег – кумановско село што полека исчезнува

Сподели со своите пријатели

Кутлибег е село во Куманово кое според пописот од 2021 година, брои само двајца жители.

Loading...

Каде се наоѓа Кутлибег?

Кутлибег се наоѓа во близина на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, поточно околу 25 километри од центарот на Куманово.

Во минатото ова село територијално било дел од Општина Орашац, но подоцна со реорганизацијата станало дел од Општина Куманово.

Станува збор за мало ридско село на површина од 3,2 километри квадратни, чии куќи се издигаат на надморска височина од околу 520 до 690 метри.

Иако мало, селото има значително обработливо земјиште од 260 хектари, како и пасишта на површина од 39 хектари. Има и мал дел со шума кој зафаќа површина од околу седум хектари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец завршил во болница со тешки повреди по тепачка

Во Кутлибег се наоѓа една стара црква „Свети Ѓорѓи“, која е изградена некаде во средниот век.

Како се празнело селото?

Недостатокот на доволни услови за живот се најверојатната причина што Кутлибег, како и многу други села станува празно.

Во периодот по Втората светска војна селото имало 131 жител. Потоа во селото започнал да расте бројот на население па така врвот го доживеало на почетокот на шеесетите кога броело 149 лица.

Loading...

Оттогаш селото започнало да се празни. Според пописот од 1994 година имало 27 жители, чиј број се намалил на 13 во 2002 година.

Двајца жители во две домаќинства

Кутлибег денеска има околу 20 куќи, но од нив, живот до неодамна имало во само две.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ловечка муниција, кабли, котури и мотори запленети на Табановце (ФОТО)

Пописот на Државниот завод за статистика од 2021 година покажа дека двајца жители живеел во две различни домаќинства.

И двајцата биле мажи, по националност Македонци. Едниот бил на возраст меѓу 60 и 64 години, а вториот на возраст од 70 до 74 години.

 

Кутлибег
Деан Лазаревски/Wikimedia

 

Факт плус

На 8 февруари 1905 година во близина на селото Кутлибег се одржала битка со турските војници, при што загинал Коста Нунков – македонски револуционер, анархист, деец на Македонскиот комитет и кумановски војвода на Македонската револуционерна организација.

Заедно со него во оваа битка животот го загубла седумчлена чета, меѓу кои и четворица милиционери од соседните села.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  За 100 евра браќата од Крива Паланка го убиле и запалиле старецот