Кумановските ракометарки се пласираа во Суперлига

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово се нови суперлигашки во македонскиот женски ракомет. Оваа екипа беше доминантна во Првата лига и го освои првото место.

Loading...

Во последното, 20. коло, кумановки триумфираа на гостувањето во Свети Николе, против Овче Поле со 31-25 и ја потврдија првата позиција, која им носи пласман во Суперлигата.

Од Суперлигата, пак, сигурно ќе излезе последнопласираната екипа на Жито Прилеп, како и РК Ѓорче која се наоѓа на петтата позиција.

Извор: Спортмедиа.мк

Leave a Reply