Кумановските пожарникари вчера со неколку интервенции

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера бележат неколку интервенции, претежно на запалена сува трева и стрништа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на селото Ваксинце биле запалени стрниште и сува трева. Тројца пожарникари вчера интервенирале со едно противпожарно возило во период од 10:30 до 12:00 часот.

Сува трева горела и на улицата „ЈНА“ каде тројца пожарникари интервенирале во период од 16:35 до 16:55 часот.

Во атарот на селото Пчиња вчера биле запалени стрниште и сува трева. Тројца пожарникари интервенирале со едно противпожарно возило во период од 16:50 до 17:50 часот.

Во населбата Перо Чило тројца пожарникари вчера гаснеле запален смет во период од 08:05 до 21:10 часот.

Смет и сува трева гореле и во месноста викана Палестина во населбата Којнаре. Таму интервенирале тројца пожарникари од 00:45 до 1:40 часот по полноќ, информираат од РЦУК.

Никола Ивановски