Кумановските базени започнаа со подготовките за повторно отворање (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во исчекување на протоколите за тоа како ќе функционираат затворениот и отворениот градски базен во Куманово ги започнаа подготовките за враќање во „нормала“.

Loading...

Вработените на Затворениот базен во Куманово започнаа со негово темелно чистење, како и чистење и одржување на гардеробите.

 

 

Започна и празнењето на отворениот базен по што ќе следува пролетното чистење.

Се чисти и урнаната опрема на отворениот базен, по што ќе следува дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

 

Loading...

 

Следствено по чистењето на базените ќе започне и нивното полнење, по што откако ќе бидат познати протоколите за нивна работа, истите ќе бидат отворени за капачите.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply