Кумановскиот музеј учествуваше на Меѓународен конгрес на византиски студии

Сподели со своите пријатели

Претставници од Музеј Куманово учествуваа на 24 Меѓународен конгрес на византиски студии кој оваа година се одржа во Венеција и Падова, во периодот 22-27 август.

Loading...

Конгресот претставува централен настан за истражувачите кои го проучуваат византискиот период и се одржува на секои четири години.

Овогодинешниот конгрес беше насловен „Византија – мост помеѓу световите” каде што, со свои истражувања се претставија повеќе од 2.000 научници од целиот свет.

– Од нашиот музеј, со своите истражувања се претстави археологот Дејан Ѓорѓиевски, кој ги презентираше новите наоди на средновековни оружја од Македонија, како и нивните претстави и паралели во средновековните споменици. Трудот беше дел од посебна сесија организирана за оваа тематика, и се очекува да биде објавен следната година за некоја од специјализираните издавачки куќи во светот, информираат од кумановскиот музеј.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

 

 

Со ова, велат од Музеј Куманово, се претставени новите сознанија од областа на византологијата.

Loading...

– Го потенциравме потенцијалот кој нашата земја го има во поглед на истражувањето средновековната византиска култура, стои во соопштението.

Учеството беше финансирано од Мнистерството за култура.

Никола Ивановски