Кумановскиот градоначалник побарал ангажирање на Армијата, беснеат осум пожари, велат од ЦУК

Сподели со своите пријатели

Осум пожари беснеат од попладнево на територијата на Општина Куманово, информираат вечерва од Центарот за управување со кризи, а градоначалникот Максим Димитриевски барал и ангажирање на Армијата.

Loading...

– Од Градоначаникот на Општина Куманово побарано е ангажирање на војската за гаснење на пожарите кои се на 8 нови локации  и тоа кај селата Зубовце, Сопот, Четирце, Нагоричане, Зебрњак, Лојане, Орашац и Долно Довезенце, информираат од ЦУК.

 

Траорни глетки по пожарот во селото Четирце (ФОТО+ВИДЕО)

 

Територијаталната противпожарна единица Куманово со четворица  пожарникари и едно противпожарно возило, од 07:00 часот интервенираат на запалена сува трева во атарот на селото Јачинце.

ТППЕ Старо Нагоричане известува дека во атарот на с.Жељувино испратени се 6 пожарникари со едно противпожарно возило и две теренски возила, 10 вработени во Шумско стопанство Куманово со две теренски возила и 4 граѓани.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply