Кумановскиот Црвен крст повторно ја стави во функција линијата за психолошка поддршка

Сподели со своите пријатели

Линијата за прва психолошка поддршка од пред четири дена повторно им е на располагање на граѓаните на Куманово, откако Општинската организација на Црвен Крст ја стави во функција за кумановци и жителите на околните општини.

Loading...

– Црвен крст на Република С. Македонија – општинска организација Куманово од 11.05.2020 повторно ја става на располагање телефонската линија за прва психолошка поддршка за сите граѓани од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираат од ООЦКК.

На телефонскиот број 076/787-412 секој работен ден од 10 до 14 часот, лицата кои ќе се обратат ќе можат да добијат психо-социјална поддршка за полесно справување со стресот предизвикан од актуелната состојба со епидемијата со КОВИД-19.

Никола Ивановски

Leave a Reply