„Кумановски акцијаши“ ќе организираат еко акција во Бедиње.

Сподели со своите пријатели

Граѓанската организација „Кумановски акцијаши“ утре со почеток во 9:00 часот ќе започне еко акција во кумановската населба Бедиње.

Loading...

Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани да бидат дел од акцијата.

– Ве покануваме на еко акција која Кумановски акцијаши ја организираат во соработка со жителите на МЗ Бедиње,сабота 15 мај во 9 часот пред дирекцијата на ФЗЦ 11 Октомври, стои во соопштението.

Никола Ивановски

Leave a Reply