Кумановската џамија станува претесна за бранот мигранти (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Откако пошироката јавност во Македонија и граѓанските здруженија алармираа за крајно лошите услови за третман на мигрантите во Македонија, Собранието на РМ денес во 15 часот ќе отвори расправа за измените по скратена постапка.

Loading...

[huge_it_gallery id=”80″]

Според министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, околу 2.000 до 2.500 мигранти дневно влегуваат во земјава, а само во мај нивниот број е зголемен за 300 отсто.

Од бројот мигранти кои влегуваат во Македонија на граничниот премин во Гевгелија, мигрантите завршуваат во Куманово, каде што добиваат привремено сместување во градската џамија, каде веќе недела дена, група волонтери се справуваат со истоштените Сиријци, Авганистанци, Ирачани и бегалци кои доаѓаат од земјите на Блиски Исток во кои постои висок безбедносен ризик.

Министерот за внатрешни работи на денешната собраниска седница потенцираше дека станува збор за граничка линија која не може херметички да се затвори.

– Некои од мигрантите се во многу лоша здравствена состојба, во првите месеци имало 12 пријави до МВР за разбојништа врз мигранти кој биле нападнати и ограбувани. Свесни сме дека Македонија не е таргет за нив. Македонија одвоила 7 милиони денари од буџетот за престој во Прифатниот центар за странци, рече Чавков.

 

[huge_it_gallery id=”80″]

Loading...

 

Новите измени предвидуваат мигрантите кои ќе ја поминат границата за 72 часа или да ја напуштат Македонија или да побараат азил од првиот полицаец што што ќе го сретнат, а за време на нивниот престој ќе имаат право да користат јавен превоз.

Во меѓувреме, кумановската Татар Синан бегова џамија останува пребукирана од бегалци кои во просториите на џамијата добиваат првична медицинска помош, храна, место за спиење, облека и преглед во кумановската Општа Болница за оние мигранти кај кои постојат сериозни здравствени проблеми.

Мерсиха Смаиловиќ,  претседател на Здружението за жени ЕДУ НИСА, за Кумановски Муаебти соопшти дека новите измени на Законот за азил сепак нема суштествено да ја променат ситуацијата во Куманово и Гевгелија, но, тоа што ќе биде сметано како успех е фактот што мигрантите ќе може да користат јавен транспорт, а со тоа, во градот ќе пристугнуваат помалку изморени и истоштетни од патот кој претходно го поминуваа, движејќи се кон север.

Смаиловиќ додава дека во изнаоѓање решение за сместување на бранот бегалци ќе мора да се побара место каде мигрантите ќе може да бидат сместени пред нивното заминување или останување во Македонија до истекот на времето регулирано со Закон за азил.

Новите измени на Законот за азил предвидуваат мигрантите кои ќе ја поминат границата за 72 часа или да ја напуштат Македонија или да побараат азил од првиот полицаец што што ќе го сретнат, а за време на нивниот престој ќе имаат право да користат јавен превоз.

 

Loading...