Куманово Спа започна со работа (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Од денеска, новиот модерен и мулти-функционален објект, Куманово Спа и официјално започна со работа. Објектот располага со:

Loading...

Rooftop Bar & Spa – луксузен infinity базен со минерална вода и импресивен поглед од 360° од кој ќе ви застане здивот. Кафе-бар со панорамски поглед, кој ќе биде совршено место за неповторлива и незаборавна дружба со пријателите.

 

 

Затворен базен со познатата кумановска минерална вода чии лековити својства се надалеку познати. Базенот се простира на површина од 50м2, располага со најсовремен систем за филтрација и соодветни придружни елементи.

 

Loading...

 

Ресторан сместен на тивка, пространа локација и опколен со зеленило. Нуди огромен избор на свежа и квалитетна храна со мени кое ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови, како и специјалитети во вистинска смисла на зборот.

 

 

Соби – во склоп на објектот има и хотел со 21 пространа и комфорна соба. Секоја е опремена со елегантен мебел, ЛЦД ТВ, клима, wi-fi, телефон, тераси со одличен поглед и беспрекорна собна услуга.

 

Loading...

 

Спа центар изграден по најнови стандарди, со луксузна и интимна атмосфера, кој вклучува врвни третмани за лице и тело по пристапни цени, како и масажа, сауна и џакузи. Одличен избор доколку сакате да го смирите умот и да го опуштите телото.

 

 

Дојдете да се дружиме во пријатна и опуштена атмосфера и заедно да ја започнеме новата успешна приказна на Куманово Спа, која се надеваме ќе понуди многу незаборавни моменти и доживувања за своите гости.

Leave a Reply