Куманово останува без јавен превоз, поднесени се жалби за изборот на превозници

Сподели со своите пријатели

Жалбите за тендерската постапка за јавниот линиски превоз во Куманово спречија денеска да отпочне неговата повторна реализација.

Loading...

До денеска траеше жалбената постапка и јавниот превоз требаше да продолжи доколку никој од превозниците што не биле избрани не поднесе жалба на изборот. Но, како што информираат надлежните од Општина Куманово, поднесени се жалби и истите допрва треба да се разгледуваат.

На последната седноцата на Советот на Општина Куманово, беше нагласено дека се избрани превозници за 19 линии, но дека до 26ти трае жалбената постапка.

Дополнително ќе треба да се распише нов оглас за преостанатите пет линии за кои не аплицирал никој, но и за две за кои поднесената документација од превозниците не била целосна.

Доколку повторно никој не се пријави за проблематичните пет линии, огласот ќе се повторува додека некој не се пријави или не се најде некое друго решение од страна на институциите.

Никола Ивановски