Куманово ќе постави полуподземни контејнери

Сподели со своите пријатели

Во моментов тече рокот за жалби и штом заврши општина Куманово ќе склучи договор со избрана фирма на јавниот повик и ќе се постават полуподземни контејнери за собирање на смет во централното градско подрачје, информираше денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
– Колку што сум информирам избран е најповолен понудувач, треба да се потпише договор, траат роковите за жалба и потоа, дополнително откако ќе се потпишат договорите ќе бидат набавени и инсталирани од страна на нашето јавно претпријатие, „Чистота и зеленило“. Оваа постапка еднаш одеше, одеше жалбена постапка каде што се повтори истата постапка, со цел да имаме потранспарентна постапка. Верувам дека Куманово час поскоро ќе дојде до полуподземните контејнери-изјави Димитриевски.

Loading...

Со набавката на вакви модерни садови со голем капацитет за складирање на отпад ќе се реши одлагањето на отпадот во централното градско подрачје. Позитивните искуства од поставувањето на вакви контејнери Куманово ги црпи од градовите од соседните држави, Србија, Бугарија, Грција. Полуподземните контејнери имаат значителен капацитет за собирање на смет, поедноставни се за одржување и се скратува времето на собирање на сметот со возилата на ЈП „Чистота и Зеленило“, што пак придонесува да не се создава сообраќаен метеж во централното градско подрачје. Претпријатието треба да понуди локации кои треба да ги потврди Советот на општината.

Средствата за овој проект се предвидени во општинскиот буџет за тековната година. Куманово на почетокот од годинава планираше да набави полуподземни контејнери кои требаше да бидат поставени на повеќе локации во централното градско подрачје, за што беа планирани да се одвојат шест милиони денари. Контејнерите ќе можат да соберат поголема количина на отпад, ќе бидат поставени во земја и ќе има простор за рециклирање.

Leave a Reply