Куманово го зафати невреме со град и поројни дождови (видео)

Сподели со своите пријатели

Околу 15 часот, Куманово го зафати невреме проследено со врнежи од град и поројни дождови. Градот кој непрестано паѓаше повеќе од пет минути, ги побеле улиците во градот.

Loading...

20150524_152117

Од силината на дождовите, на улиците течеше надојдена вода, а некои граѓани излегоа за да ги отворат шахтите пред семејните куќи.

Врнежите од град и дожд престанаа пред неколку минути.

Според УХМР,  попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 31 степени.

Leave a Reply