Кумановка украла паричник на сограѓанин на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишна кумановка била приведена под сомнение дека украла паричник на градскиот плоштад, од свој сограѓанин.

Loading...

– На 11.11.2024 во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.М. (41) од Куманово. Таа се сомничи дека истиот ден на Градскиот плоштад во Куманово на С.П. му го одзела паричникот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

М.М. била приведена во полициска станица и, како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Спортска сала Соколана” е сувенир на Општина Куманово за 2024 година (ФОТО)