Кумановец загина откако удрил во автобус

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишен кумановец од селото Доброшане вчера го загубил животот откако избул контрола со возилото и удрил во автобус.

Loading...

– На 01.02.2023 околу 20.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во селото Доброшане, кумановско, Г.И.(50) од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркиран автобус на превозно претпријатие, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Кумановецот бил пренесен во болница со тешки повреди, но набргу починал.

– Во несреќата, Г.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Куманово каде набргу починал, потенцираат од СВР Куманово.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија  наредба телото било дадено за обдукција.

На терен интервенирале и четворица пожарникари до Територијална противпожарна единица Куманово.

Никола Ивановски