Кумановец тешко повреден во судир на мопед и мерцедес

Сподели со своите пријатели

Шеесетгодишен кумановец е тешко повреден во сообраќајна незгода во која учествувале мопед и мерцедес.

Loading...

– На 08.05.2022 околу 13.30 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосницата од ул.„Доне Божинов“ и бул.„Октомвриска револуција“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(60) од село Опае, липковско и мопед „јамаха џог“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од З.Г.(60) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата З.Г. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски