Кумановец тешко повреден откако изгубил контрола над мопедот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четири годишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди, откако вчера изгубил контрола над својот мопед и излетал од коловозот.

Loading...

– На 19.05.2020 околу 18.30 часот на ул.„Благој Илиевски Гуне“ во Куманово, мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(24) од Куманово, изгубил контрола и излетал од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, Р.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply