Кумановец со оружје одзел пари од дом на кумановка

Сподели со своите пријатели

Четириестгодишен кумановец насилно влегол во куќа на сограѓанка и со закани со пиштол ѝ одзел пари поради наводен долг на нејзиниот сопруг.

Loading...

– На 15.12.2023 во 05.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ѓ.(40) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијататој се сомничи дека со употреба на сила влегол во куќа на во населбата Карпош во Куманово и со закана со огнено оружје кон сопственичката К.С.(41) одзел пари поради наводен долг на нејзиниот сопруг кон него.

Кај него, додаваат од полицијата, биле пронајдени ловечка пушка, пиштол, нож и одземените пари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

– Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски