Кумановец со марихуана приведен во Градски парк

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец вчера бил приведен во Градски парк во Скопје, откако при преглед полицијата кај него пронашла марихуана.

Loading...

– На 14.05.2020 во 15.35 часот, од полициски службеници од СВР Скопје, во Градскиот парк, бил лишен од слобода Н.С.(21) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризли и метална дробилка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

Leave a Reply