Кумановец случајно ја застрелал својата сопруга

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец случајно ја застрелал својата сопруга викендов поради невнимателно ракување со воздушна пушка.

Loading...

– На 30.04.2023 во Полициска станица Куманово Д.Ж.(26) пријавил дека на 29.04.2023 пред куќа во село Војник, кумановско, сопственост на негов пријател, при, според пријавеното, невнимателно ракување со воздушна пушка испукал дијабола и ја повредил во раката својата сопруга Б.Ж., на која и е укажана лекарска помош во болницата „8-ми Септември“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски