Кумановец се заканувал со моторна пила на шумски полицаец, па се обидел да го прегази

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец со моторна била се заканувал на шумски полицаец, па се обидел да го прегази, поради што МВР му поднесе кривична пријава.

Loading...

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривичнa пријавa против М.Д.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, настанот се случил на 17.07.2023 во атар на селото Герман, кривопаланечко, додека шумски полицајци вршеле контрола и констатирале неправилности при превоз на дрва.

Тогаш, како што додаваат од МВР, пријавениот со моторна пила им се заканил, по што со возило се обидел да удри шумски полицаец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига

Никола Ивановски