Без струја неколку улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку улици во Куманово и една населба денеска привремено ќе останат без електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:30 до 09:30 часот денеска без струја ќе бидат корисниците од улицата „Јован Јовановиќ Змај“.

Во истиот период прекини ќе има и кај корисниците од улицата „Ѓуро Пуцар Стари“, поточно меѓу улиците „Михајло Пупин“ и „Благоја Думановски Пецаклија“:

Од 08:30 до 14:30 часот прекини ќе има на улицата „11 Ноември“ и населбата Бедиње.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарите на Куманово утре го пречекуваат РК Пролет