Кумановец приведен за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец вчера бил приведен по централна потерница поради издржување затворска казна.

Loading...

– На 07.05.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(26) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци