Кумановец приведен со марихуана во Скопје

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец вчера бил лишен од слобода во Скопје, откако полицијата кај него пронашла марихуана.

Loading...

– На 07.07.2020 во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на патот Средно Водно – Нерези го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

Leave a Reply