Кумановец нападнат од својот сосед

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од неговиот сосед.

Loading...

– На 15.02.2024 во 21.55 часот во СВР Куманово, А.Т.(46) од Куманово пријавил дека на 14.02.2024 на улицата „Светозар Марковиќ“ во Куманово бил физички нападнат од неговиот сосед Ј.Ѓ.(65) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против Ј.Ѓ. ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?