Кумановец и светиниколец приведени со хероин (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановец и светиниколец биле приведени вчера од страна на полицијата, откако кај првиот бил пронајден хероин, а кај вториот поголема сума на пари.

Loading...

– На 15.03.2022 околу 17.00 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР и Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.И.(33) од Куманово и Р.З.(37) од Свети Николе, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при преглед во возилото и нивен личен преглед, кај Ш.И. биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, додека кај Р.З. биле пронајдени и одземени над 4.500 евра, за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Никола Ивановски