Кумановец и скопјанци наведувале деца на питачење

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен кумановец и две лица од Скопје добија кривични под сомнение дека принудувале деца на питачење.

Loading...

– На 24.11.2023  во 11.40 часот, во ОВР Дебар, приведени се С.Д.(33), Д.М.(27), двајцата од Скопје како и В.И.(22) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при извршени контроли на улицата „1 мај“ во Дебар, полициските службеници ги затекнале пријавените како на питачење наведуваат малолетни лица.

– По извршени разговори во присуство на претставник на Центарот за социјални работи од Дебар и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Никола Ивановски