Кумановец и 15-годишно дете приведени за две кражби

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово, од кои едното 15-годишно дете биле приведени вчера под сомнение дека извршиле кражба и обид за кражба.

– На 20.04.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Р.Р.(30) и 15-годишник, двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека со употреба на сила, влегле во деловен објект на „Народна револуција“ во Куманово и одзеле повеќе предмети, а се обиделе да одземат предмети од приватен имот на ул.„Веселин Маслеша“ во Куманово.

– Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каратистите на „Мусаши“ од Куманово со две бронзи на Државното првенство (ФОТО)

Никола Ивановски