Кумановец физички нападнал полицаец во СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од кумановската полиција.

Loading...

Како што појаснуваат од таму, на 16.08.2019 околу 14.00 часот во просториите на Полициската станица Куманово, пријавениот, кој бил приведен за претходно пријавен настан, физички го нападнал полицискиот службеник додека имал службен разговор со него.

Leave a Reply