Кумановец физички ја нападнал својата баба

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако физички ја нападнал својата баба.

Loading...

– На 29.08.2023 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.К.(34) од Куманово затоа што во семејниот дом физички ја нападнал својата баба, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски