Кумановец физички ја нападнал малолетната ќерка

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец физички ја нападнал својата малолетна ќерка, по што синоќа бил приведен од полицијата.

Loading...

– На 20.12.2023 во 20.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода триесет и осумгодишник од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата малолетна ќерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?