Кумановци ќе одговараат за перење пари и фалсификување исправи

Сподели со своите пријатели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против лицата: С.Ш.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “употреба на исправа со невистинита содржина“, “перење пари и други приноси од кривично дело“ и “фалсификување исправа“, потоа против З.Ц.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “употреба на исправа со невистинита содржина“, како и против Ж.К.(50) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 06.04.2016 година С.Ш. во име на Ж.К. извршил увоз и добил согласност за регистрација на товарно моторно возило „Пежо Боксер”, кое не ги исполнувало законски предвидените норми и стандарди. Потоа, во текот на 2016 година, тој го продал возилото на лице од Пробиштип за 5.000 евра.

Второпријавениот З.Ц., како доказ во правниот сообраќај, употребил исправа со содржина за кој знаел дека е невистинита. Ж.К. на З.Ц. му ставил на располагање уверение на негово име издадено од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за да го искористи неговиот престој во странство во постапката за увоз и добивање на согласност за регистрација
на предметното товарно моторно возило.

Leave a Reply