Кумановци добија кривични за убиство во обид и неукажување помош

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово добија кривични пријави под сомнение дека сториле кривични дела „убиство во обид“ и „неукажување помош“.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.А.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид и против Н.М.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неукажување помош“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 29.07.2023 во Куманово, по претходна расправија, Љ.А. со нож го повредил Н.С., по што заминал, додека Н.М., кој цело време бил таму, го оставил на улица и не му укажал помош на Н.С., кој се наоѓал во животна опасност.

Никола Ивановски