Културната соработка треба да создава мостови, вели Тодоровски за бугарскиот ЛВ

Сподели со своите пријатели

Културната соработка меѓу Македонија и Бугарија треба да создава мостови, смета директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски во интервју за бугарскиот Литературен весник.

Loading...

Тодоровски за бугарскиот медиум дава слика на тоа каков град е Куманово, што тука може да се најде и види, како и за гордоста на НУЦК, фестивалот „Денови на комедија“.

Во дел од интервјуто Тодоровски се осврнува и на соработката на македонските и бугарските културни дејци и артисти што нагласува, треба да создава мостови меѓу двата народи.

Дел до интервјуто ви го пренесуваме во продолжение:

 

  1. Како Куманово се развива и дали на Куманово му пречи близината со главниот град Скопје?

Куманово е град кој има традиција и тврдам дека Куманово ја има најдобрата местоположба не само во Р. Северна Македонија, туку и на Балканот, бидејќи токму во Куманово се сечат и поврзуваат два големи меѓународни патни правци, коридори, а тоа е север – југ и исток – запад, така да Куманово е град кој има своја посебност, своја традиција, можности за развој и е втор град по големина во Република Северна Македонија. Многу настани, многу битни одлуки, секоја важна работа во нашата држава, историски моменти започнале и започнуваат од Куманово.

 

  1. Има нешта кои може да се видат само во Куманово, а ги нема во Скопје. Кажете ми за фестивалите во вашиот град.

Секако Куманово како град има настани кои се специфика и обележје на градот. Тука пред се би го споменал Фестивалот Денови на комедија – Меѓународен театарски Фестивал кој оваа година се оддржува по 26 пат. Тоа е една убава идеја која започнала пред 26 години и се уште успешно трае и опстојува и сигурен сум дека ќе биде уште подобра во годините кои следат. Тоа е Фестивал за кој и со кој кумановската публика живее тие петнаесеттина дена додека се оддржува Фестивалот. Фестивал на кој гостувале многу театри од Република Бугарија и секогаш биле одлично примени од публиката. Тука би сакал да го споменам и Меѓународниот тамбурашки Фестивал кој исто така се оддржува скоро десет години и има успешна реализација. Во минатото имаше и успешен Џез Фестивал кој претходните неколку години повторно е возобновен. Сакам секако да го споменам и нашиот Меѓународен Фестивал на проза кој за прв пат го организиравме  минатата пролет во месец мај, а оваа година ќе го имаме второто издание на Фестивалот со што се надевам ќе влеземе во една убава традиција и со тој Фестивал. Изминативе неколку години се прават обиди  да се направат и се прават и други Фестивали кои ќе ја привлечат и ја привлекуваат младата публика, кои ќе внесат иновативност и авангарда и мислам дека доколку добро се организираат, се истрае во нивното финансирање, и имаат континуитет во реализацијата, истите може полека и сигурно да станат брендови на градот по кои ќе се препознава Куманово. Во Куманово исто така се организираат и две меѓународни ликовни колонии кои се оддржуваат секоја година на која учество земаат голем број на ликовни уметници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

 

Loading...
  1. Евроскептик сте или напротив?

Секако дека нашето место е во Европа, ние сме дел од таа приказна, ние сме срцето на Европа и природно припаѓаме таму. Мислам дека Македонија е камчето од мозаикот за Европа да биде комплетна и целосна. Знам и сигурен сум дека се вложуваат максимални напори да дојдеме до таа цел и да ја исполниме таа цел. Република Северна Македонија многу одамна ги има исполнето условите за да биде рамноправна членка на Европа, ги имаме сите предиспозиции за тоа и сигурен сум дека тој пат по кој се чекори наскоро ќе даде успех.

 

  1. Да се осврнеме кон културата. Каква е улогата на државата во поддршката на културните политики?
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Сакам да истакнам дека во неколку наврати сум учествувал во изготвување и давање предлози и стратегии за програмите во културата кои се на национално ниво и истите биле и прифатени, а дел од нив и реализирани. Државата располага со одреден буџет за култура кој го распределува на Националните установи од култура кои аплицираат до Министерството за култура во своите годишни програми кои во текот на годината се реализираат. Секако тука се и буџетите од Општините кои зависно од своите можности ги помагаат културните збидувања и програми во своите градови. Во Куманово е потребно да има и многу повеќе културни збиднувања од постоечките. Се обидуваме со финасиите со кои располагаме да го направиме најдоброто што можеме. Секако дека за културата се потребни финасии и можеби е потребна и поголема соработка помеѓу соседните држави, некој заеднички настап за да може да се реализираат и направат поголеми и покрупни проекти кои би биле на задоволство и на публиката и на сите учесници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

 

  1. Како гледате на меѓусебните односи и релации спрема нашите две држави и нетрпеливоста која се случува во последно време. Дали културната соработка може да помогне истите да се подобрат ?

Со луѓето со кои контактирам секојдневно и соработувам тоа не се забележува, тоа го нема. Во Република Северна Македонија нема анти расположенија и секој е добредојден. Ние сме општество кое знае да почитува различности, кое секогаш подава рака и сака да соработува. Знам дека можеби некој заради политичка одлука или политички поени сака понекогаш да ја разгоруваа таа анти политика но убеден сум дека тука нема такво нешто, помеѓу обичниот народ, помеѓу обичните луѓе тоа не постои. Ние сме мултикултурно општeство каде се почитуваат различностите. Луѓето се почитуваат и отсекогаш било така. Соработката секогаш била и ќе биде на едно високо ниво. Потребно е да се вложат напори, да се соработува, да се разменуваат идеи, артисти, културата да се обидува да создава мостови, да читаме заедно, да пишуваме, да сликаме. Да правиме и реализираме заеднички проекти од кои заедно ќе имаме убави настани. Само така можеме да ги најдеме точките кои не поврзуваат и да бидеме рамноправни партнери кои ќе се запознаат и соработуваат. Впрочем ние во Центарот за култура тоа и го покажавме, бидејќи со помош на Културно – информативниот центар на РСМ во Софија организиравме две Меѓународни изложби со македонски и бугарски автори кои наидоа на одличен прием кај публиката од двете страни. Секако и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме тие врски и конекции.