Кривични пријави за бесправно градење верски објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишен кумановец доби две кривични пријави  поради градење верски објект во Куманово без дозвола и притоа со узурпирање на државно земјиште.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, информираат од кумановската полиција.

Пријавениот, во текот на 2019 година на улицата „Доне Божинов“, како инвеститор и без правен основ самоволно заземал земјиште во државна сопственост, по што изградил верски објект без одобрение за градење издадено од надлежен орган.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)