Кривична за двајца кумановци за тепачка во кафеана

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.Б. (35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ како и против Р.Т. (41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Loading...

На 15.04.2015 година, околу 22,00 часот во Куманово во кафеаната „Д.Бест Чојс“,  пријавените со употреба на физичка сила ги нападнале С.С. (46) и С.В. (30) двајцата од Куманово, а со употреба на нож, на С.С. му нанеле расекотини во пределот на лицето, а на С.В.во пределот на раката.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *