Крива Паланка: Полицаец им напишал казна, тие го запалиле возилото

Сподели со своите пријатели

Жител на Крива Паланка, запалил моторно возило, откако полицијата го запрела и им напишала казна по констатирани недостатоци.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 13.05.2020 во 11.00 часот во с.Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка, запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М.(29) од Крива Паланка, а како сопатници биле затекнати лицата Г.Ѓ. од с.Жидилово и Х.С. од Крива Паланка.

– При проверка полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите. Притоа, од возилото излегол сопатникот Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин. Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело, информираат од МВР.

Била повикана екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а лицата биле приведени со Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply