Кремљ: Тврдењата дека Русија го саботирала гасоводот се предвидливи и глупави

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, ги отфрли сугестиите дека Русија е одговорна за саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2.

Loading...

„Таквите тврдења се предвидливи и предвидливо глупави“, рече Песков.

„Тоа е голем проблем за нас. Пред сè, затоа што двете цевки на гасоводот се полни со гас. Целиот систем „Северен тек“ е подготвен да испорачува гас. Гасот е многу скап, а сега оди во воздух“, рече тој.

Песков додаде дека инцидентот треба да се истражи, додавајќи дека „не се знае колку време ќе биде потребно за да се поправи оштетениот гасовод“.

„Пред да дадеме какви било тврдења, треба да ги почекаме резултатите од истрагата, да видиме дали имало експлозии или не“, рече Песков.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.