Кремљ испрати нова порака до Западот

Сподели со своите пријатели

Во понеделникот Кремљ ги повика западните земји да влијаат на Украина да го запре наводното гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.

Loading...

Говорејќи пред новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека тоа е „исклучително опасно“.

„Очекуваме земјите кои имаат апсолутно влијание врз украинското раководство да го искористат ова за да го спречат продолжувањето на таквото гранатирање“, додаде тој.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападите околу електраната, која моментално се наоѓа на територија под контрола на Русија.

Официјални лица испратени од Русите во блискиот град Енерходар во петокот изјавија дека украинското гранатирање уништило далноводи за одржување на централата.

Киев, пак, наведе дека во саботното руско гранатирање биле оштетени три сензори за радијација и дека е повреден вработен во нуклеарната централа.

Евгениј Балицки, назначен од Русија началник на регионот Запорожје, во понеделникот изјави дека електраната работи нормално, пренесува Интерфакс.

Шефот на украинската државна нуклеарна компанија повика во понеделник областа околу неа да биде прогласена за демилитаризирана зона под надзор на странски мировни сили.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.