Ковачевски ќе оствари средба со Блинкен

Сподели со своите пријатели

Премиерот Димитар Ковачевски, денес, 8 мај 2023 година (понеделник) во рамки на работната посета во Вашингтон, ќе оствари средба со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

Loading...

Премиерот Ковачевски воедно, ќе се сретне и со Џонатан Фајнер, заменик-советник за национална безбедност на САД и ќе оствари средба и со членовите на бордот на Атлантскиот совет (Atlantic council). Како дел од агендата, премиeрот Ковачевски со Џејмс Рубин, специјален пратеник и координатор на центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, ќе потпишат Меморандум за разбирање меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации, со кој ќе се продлабочи соработката меѓу двете земји врзана за борбата против дезинформации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

Дополнително, предвидени се и средби со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар како и советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, но и средба со претставници на македонската дијаспора во САД.